Изложба на Верче Цветановска во Крива Паланка

Во Центарот за култура во Крива Паланка отворена е изложбата „Кога ќе се разбуди заспиеното“ на уметницата Верче Цветановска. Таа се претставува со 34 дела, работени во акрил, во хиперреалистичен правец. Тие се резултат на долгогодишната творечка работа на Цветановска преку која ја канализира енергијата од секојдневната рутина.

Изложбата ја организира Центарот за култура во рамките на Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

Сподели