Изложба на Тим Бартон во Прага – каде невиниот детски свет се поврзува со темната страна на постоењето

Во чест на 50-годишната од уметничката кариера на Тим Бартон, визуелниот раскажувач на приказни, во Прага е отворена изложба на цртежи, скици, сторибордс од неговите култни филмови. Бартон е режисер, продуцент, писател, поет, уметник, илустратор, кој секогаш успева да ги осветли своите темни приказни со своите претерувања и хумор, што му се заштитен знак.

Ви споделуваме фотографии од наша читателка од изложбата, која по 10 години се враќа во Прага со нов материјал од последни проекти на Бартон.
Изложбата ќе биде отворена до 30 септември во Општинската куќа во Прага.
Бартон ù се враќа на Прага со светска турнеја што веќе ги прошета музеите и галериите вклучувајќи го музејот на Макс Ернст во германскиот град Брил, Уметничката галерија „Мори“ во Токио, музејот „Франц Мајер“ во Мексико и други.

Изложбата вклучува 600 дела, сторибордс, скици, дизајни на сцени, кукли, фотографии и друг. Материјал од филмовите. – Бетмен, Едвард Рацете Ножици, Кошмар пред Божиќ, преку „Дамбо“… Изложбата ја организира независната кураторка Џени Хи во соработка со продукцијата на Тим Бартон.

Американскиот филмски визионер го поврзува невиниот свет на детството со темната страна на човековото постоење, раскажување преку жанрови и стилови, вклучувајќи го и оживувањето на стоп-анимацијата.

Фотографии: Неда Груевска

Сподели