Во Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево отворена е изложба на слики од Благој Милчевски. Тој се претставува со околу 30 свои дела, работени со маслени и акрилни бои на платно. Милчевски, родум од делчевското село Ѕвегор, изложува во Центарот за култура како роднокраен автор. Александар Белогаски, стручен соработник за ликовна дејност при Центарот ги oхрабри младите талентирани уметници да творат и да ги изложат своите дела.





