Во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба на сликарот Димитар Димитров. Димитров е академски сликар од Битола, што дипломирал на Ликовна академија во Москва. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 2004 година, а на ДЛУБ од 2007 година. Твори и живее во Битола.
Самостојни изложби имал во: КИЦ Скопје, КИЦ Куманово, „Охридска банка“ Охрид, ОТО галерија Виена, Прогрес Белград, Софија, Тутунска банка Скопје, Малме, Шведска. Групни изложби: Њујорк, Софија, Будимпешта.
Учесник на многу меѓународни и домашни колонии. Тој е координатор на колонијата „Борик-Охрид”. Сопственик на галерија во Битола.
