Изложбата на скулптури на младиот уметник Митко Дамјановски, насловена „Зодијак“, ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје.
Ова е прва самостојна изложба на Митко Дамјановски. Таа е резултат на
истражување во апстрактно творештво низ комбинации на различни матерјали.
Целината од 12-те дела кои ги претставуваат хороскопските знаци од зодијакот се
претставени во апстрактна форма. Во овој проект се подвлекува паралелата помеѓу секој
знак како уникатен спој на особини кои оформуваат еден карактер и асоцијативната
моделација која ја овозможиваат избраните ликовни елементи и принципи.
Митко Дамјановски е роден во Кавадарци во 1996 година. Завршил во средното Училиште за применета уметност „Лазар Личеноски” во Скопје на отсек вајарство 2014 година и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности смер вајарство 2019 година.
Изложбата ќе биде отворена до 25 декември.





