„Под хоризонтот“ – изложба на дела од Симона Мирчевска

„Под хоризонтот“ е насловот на изложбата на дела од Симона Мирчевска отворена во „Оро радио бар“ во центарпт на Скопје. Поставката го истражува современото многуаспектно значење на терминот „пејзаж“.

– Физичкото и духовното освојување на територијата е документирано во серија на ликовни записи преку кои се овозможува осознавање на пејзажот преку чувствувања и искуства. Возвишената слика која се развива под хоризонтот е ништо друго освен поглед кон внатрешноста, кон експресијата предизвикана од емотивната енергија, силата и моќта на природата како наш исконски дом, како дел од човекот, негово наследство и негова традиција – велат организаторите.

Сподели