Изложбата „Кружен брош“ на Петра Јовановска ќе биде отворена утревечер во 20 часот во малиот салон на „КО-РА“ при Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.
Петра Јовановска е родена во Чешка. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на одделот за графика.Реализирала 80 самостојни изложби во Македонија, Чешка, Франција, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, САД, Полска.
Учествува и на 300 групни изложби ширум светот,како и на бројни ликовни колонии, во бројни симпозиуми. Добитничка е на повеќе награди. Организатор е и куратор е на бројни изложби во земјата и надвор.





