Изложба на Озбек Ајваз во КСП „Центар-Јадро“

„Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје“ е насловен проектот на Озбек Ајваз кој вечерва во 20 часот ќе биде отвиорен во КСП „Центар-Јадро“. Тој че се претстави со слики и описи за скулптурите поставени на повеќе јавни локации во Скопје придружени со документација од целиот процес на реализираните акции.

– Скулптурите беа создадени за да се подигне свеста и да се информираат граѓаните за секојдневната опасност од патогените бактерии кои се појавуваат во места каде што не постојат јавни тоалети. Недостигот од пристап на основни хигиенски услови ги изложува луѓето на ризик од контакт со различни патогени бактерии кои можат сериозно да му наштетат на човековото здравје. Недостигот на пристап до чиста вода, хигиенски средства и други санитарни хигиенски услови може да го зголеми ширењето на бактерии како клебсиела и протеус мирабилис да резултира со зголемен број на здравствени проблеми во заедницата – велат организаторите.

Проект се реализира од јануари до мај во рамки на програмата „Артс хаб“, на КСП Центар- Јадро, а се остварува со финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Сподели