Изложба на Мирјана Крстева Массетти во Ниш

Со дваесетина нови цртежи, уметницата Мирјана Крстева Массетти вечерва во Ниш ќе се претстави на изложба. Темата на изложбата не е јазикот на љубовта, туку љубовта како јазик.

– Соработката со Културниот центар во Ниш почива на лични, професионални контакти. Чест ми е што имам можност да ја претставувам Македонија во рамките на чествувањето на 8 Септември, Денот на независноста и токму со мојата изложба да се отвори овој настан – вели Крстева Массетти.

Сподели