Во галеријата „Лола Николау“ во Солун од вечерва ќе биде отворена изложбата „Ко-егзистенција, со-чувство“ на нашиот автор Мице Јанкуловски и Јоргос Ксенос од Грција. Куратор на изложбата е Манос Стефанидис. Тој вели дека двајцата творци со очигледните афинитети – опседнатоста со црното и чувството за монументална-театралност, но и акцентот на самиот сликарски чин одамна му го привлекле вниманието. „Го бранат заедничкото, балканско наследство без страв или други психози, покажувајќи дека уметноста не раздвојува, туку само обединува со елиминирање на вештачките граници и субверзивни ривалства“, вели Стефанидис.

– Токму од оваа причина, му предложив на Министерството за култура за следното Венециско биенале Јоргос Ксенос да ги изложи своите шокантни, космолошки слики во грчкиот павилјон со гостин уметник, симболично подеднакво евокативниот Мице Јанкуловски како гест на пријателство, но и на сила. За координиран напор за културно обединување на Балканот. За промоција на Солун како град на на културата и комуникацијата. Јанкуловски ги расплетува и разобличува своите густи, црни платна кои балансираат меѓу хероизмот и елегијата, егзистенцијалната драма и повторното оживување на внатрешниот хаос, тагувајќи за радоста на која човечките суштества немаат право, туку право да се потчинат, во отпорот. Црното, поточно црното, сивото, како симболи на отсуство и чувство на онтолошка ерудиција се негов постојан, експресивен избор – вели Стефанидис.

Од друга страна, Јоргос Ксенос изложува мал избор од опусот на неговото најново творештво кое се карактеризира со опседнатоста од спонтаното, директно пишување, голем гест монументално втиснат на хартија, но кој исто е и во потрагата по минимализам колку што може, и на кој сите сугерираат со најмалку гласно викање. Поцрнети стебла од дрвја како примитивни, хиерархиски фигури кои молат, со молење пророкувајќи ги претстојните, познати зла, и, секако, како симболични ст,апчиња од природата која постојано ја навредуваме, загадуваме и деградираме, човекот цврсто стои против околината која го зачнала и го обдарила со незамислива моќ!

Изложбата ќе биде отворена до 9 декември.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.