Изложба на копии од јапонски дрворези од 17 и 18 век во КИЦ

Во Културно-информативниот центар во Скопје, вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Јапонскиот лебдечки свет“. Ќе бидат претставени дела од големите јапонски мајстори за дрворези кои го отсликуваат јапонскиот лебдечки свет УКИЈО-Е од 17 и 18 век.

Изложбата ќе ја отворат јапонскиот амбасадор Оцука Казуја и директорот на КИЦ, Антонио Димитров. Пред пристните ќе се обратат и Маја Стефкова од „AOTS- Македонија“ и кураторот на изложбата, Јасмина Намичева.

По повод 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу нашите земји изложбата патуваше со 30 УКИЈО-Е реплики во Велес, Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Богданци за конечно да се врати во Скопје.

УКИЈО-Е репликите се донација од Друштвото на македонско-јапонско пријателство во соработка со Музеј на град Скопје. За време на изложбите во сите градови „МузеумЛинк“ и „Архифакт“ организираа ликовни работилници за ученици. Изложбата во Скопје ќе биде достапна до 5 јули.

Сподели