Изложба на хартиените-графички икони од Прилеп во Музејот на град Скопје

Во Музејот на град Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на хартиени – графички икони од 18 и 19 век од збирката на Заводот за заштита на спомениците и музеј од Прилеп. Ќе бидат преставени 18 графички икони, обработени, конезервирани и врамени во изминатите три години.

Изложбата ќе ја отворат директорите на двата музеја, Панче Велков и Горанчо Цветкоски. За значењето на графичките икони ќе зборува Мимоза Христоска, виш кустос во прилепскиот Завoд и музеј. Изложбата ќе биде проследена со дигитални презентации – итинерар на графичките икони од 2006 година до денес и на историските настани во 19 век и нивното влијание во Прилеп.

Графичките икони како дел од македонското културно наследство за првпат беа изложени во 2006 година во Њујорк.

Сподели