Во мултикултурниот центар „Мала станица“ е отворена изложбата на Група XXL. Оваа група, според Националната галерија, е создадена во 1994 година во Софија, а во неа членуваат неколкумина бугарски уметници. Основачи на групата се: Свилен Стефанов, Генади Гатев, Хубен Черкелов, Иван Ќуранов, Косјо Минчев, Расим, Георги Тушев, Петко Дурмана и Слави Славов.

Првиот манифест, „Клоца во грбот на инерцијата“, е напишан и објавен на почетокот на 1995 година, во весникот „Култура“, а подоцна со додатоци се појави и на страниците на „Литературен весник“. Името XXL се поврзува и со галеријата која постоела помеѓу 1996 и 2003 година во Софија. Имињата на некои од најпопуларните изложби на кругот XXL се „Нова бугарска ликовна уметност“ 1996), „Косјо, Хубен, Тушев“ (1997), „Димензии на насилството“ (1998), „Гангстарт“ (1998) , „Бугарскиот пејзаж како метафора“ (2001) и „Нови радикални практики“ (од 1997 до 2001 година).
Галеријата XXL беше затворена во 2003 година, од страна на регионалниот управител на Софија, по изложбата во галеријата насловена како „AntiSax (Нова политичка уметност)“.
Изложбата е достапна за јавноста секој ден во текот на неделата, освен понеделник, од вторник до недела, од 10 до 18 часот.





