Изложба на фотографии „Зима-птици-птичари“ во КСП Центар Јадро

Изложба на фотографии направени за време на среднозимскиот цензус за водни птици во Македонија ќе биде отворена вечерва во 20 часот во КСП Центар Јадро во Скопје. Оваа научна и граѓанска активност Македонското еколошко друштво ја спроведува веќе 14 години.

– Март е синоним за пролетта, за почести излегувања од дома и дружби со луѓе. Затоа сакаме да ве потсетиме уште еднаш дека на првиот ден од март, па во наредните два дена организираме изложба на фотографии, плод на 14-годишниот среднозимски цензус на птици од водните површини низ Македонија – велат од МЕД.

Сподели