Во Центарот за култура во Крива Паланка отворена е изложба на фотографии од приватната збирка на народни носии од младиот собирач и колекционер, Љупчо Милошевски од Струга. Идејата е да се прикаже разновидноста на мотивите на традиционалното текстилно ракотворство и облека од крајот на 19 и почетокот на 20 век и да ја истакне улогата на фотографијата при истражување и реконструкција на народните носии.

Милошески од 15 години започнал со собирање на народни, невестински носии од крајот на 19 и почетокот на 20 век, 12 етнички предели од брсјачката и дебарско – реканската етнографска целина. Изложбата ќе биде отворена секој работен ден од 8 до 15 часот до 5 мај.

Насловна фотографија: Центар за култура во Крива Паланка

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.