Втората самостојна изложба на Кирил Штрков ќе биде отворена вечерва во 19 часот во „Рудиќ Галерија“ и е неговото прво претставување пред домашна публика. Оваа изложба беше прв пат поставена во Ријека, Хрватска со наслов „33“ во 2019 година. На 10. фестивал на фотографија„Фотори“ заедно со државната колекција на Фото сојуз на Македонија и колекција на Боро Рудиќ, централно место во изложбениот  простор на Државниот архив во Ријека имаа  токму овие три колекции.

Штрков со фотографии учествувал на повеќе манифестации низ држави од целиот свет.  Добитник е на над 30 награди од домашни и странски натпревари. Неговите фотографии се дел од постојаната колекција на Музејот за уметност и обрт во Загреб.

Колекцијата со која ќе се претстави е пресек на авторовите преокупации во последниве 10 години. Селекцијата на фотографии ја направи Боро Рудиќ , член на уметничкиот совет на Фото сојуз на Македонија.

Кирил Штрков е актуелен претседател на Фото сојуз на Македонија, повеќегодишен член на организациониот одбор на меѓународниот натпревар „Фотомедиа“ во организција на ФК ЕЛЕМА, како и во организациониот одбор на  „Денови на македонска фотографија“ во последните 6 години.

– Фотографиите на Кирил Штрков се направени во класична традиција на фотографскиот медиум. Оддаваат врвен познавач на неговите технички можности. Онаа традиција од 30-тите која атмосферата ја постигнува со богатството на полутонови. Без сомнение на голем број од снимките присутни се елементи на Субјективната фотографија од 1950тите години: значењето на јасните и прецизни структури, нагласениот геометризам , динамичната композиција и јаките контрасти засилено со личен став, коментар, со интимно поаѓалиште… – пишува кустосот на хрватската изложба Ива Просоли од Музејот на уметност во Загреб. а човекот и просторот. Човекот е обично сам , непрепознатлив , недефиниран поединец. Ако е во група, неговите контури се нејасни. Се движи низ невреме…

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.