Во продажниот салон на Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мапирање на спокојот“ од Јана Андреевска. Ова е прво претставување на Андреевска со своето ликовно творештво. Изложбата ќе биде отворена за посето до 16 април, во периодот од 10 до 20 часот. По 15 часот пристапот до изложбата ќе биде од главниот влез на КИЦ.
Изложбата беше одложувана два пати.
-Како што би рекле Битлси, With a little help from my friends” мојата, сега веќе „легендарна“ изложба сепак ќе види бел ден. Многумина од вас ми спомнуваа трета среќа во охрабрувањата да не се откажам, и може има врска со тоа, ама во едно сум сигурна – вистинските пријатели се најголемо богатство и благослов! А јас очигледно ги имам многу повеќе од што сум била свесна. Ви благодарам на сите за поддршката, охрабрувањата, идеите, и ангажманот да се најде решение! Неизмерно многу ми значи! – вели Андреевска.





