Илина Јакимовска на Ивана ѝ ја посвети првата епизода од третата сезона на подкастот „Обични луѓе“

„Ивана ја запознав кога беше моја студентка на Институтот за етнологија и антропологија. Не знаев ништо за неа, исто како и за другите студенти од нејзината генерација, тазе излезени од средношколските клупи. Беше редовна и внимателна, но постојано кашлаше. Во еден момент, поради постојаните прекини, ја прекорив:

– Ивана, ако не си океј, па немој да доаѓаш додека не оздравиш…

Ме погледна без лутина и најсмирено рече:

– Професорке не се секирајте, мојата болест е поинаква…

Кога дознав дека боледува од цистична фиброза и дека кашлањето е еден од симптомите, се засрамив. Во текот на студирањето имав прилика да ѝ се извинам, но и седејќи на клупите пред долната зграда на ПМФ да дознаам повеќе и за ретката Ивана и за нејзината ретка болест“.

Илина Јакимовска на Ивана ѝ ја посвети првата епизода од третата сезона на подкастот „Обични луѓе“. Ја емитува во февруари, месец традиционално посветен на ретките болести.

– Но, тоа е само повод. Вистинската причина е животната приказна на Ивана од која и здравите и оние со нарушено здравје можат многу да научат – вели Јакимовска.

Целата приказна на Ивана чујте ја на ОБИЧНИ ЛУЃЕ.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.