Токму вечерва во 20 часот во Кинотеката со проекција на претставата „Кафе Милер“ (Café Muller) на легендарната Пина Бауш и ќе започне нивната мисија за доближување на светскиот театар кај нас
Никој не знае колку нови интересни претстави се појавуваат во светот секоја година. Tие одат по различни театарски фестивали низ целиот свет, добиваат највисоки награди, за овие претстави дискутираат критичарите и публиката, од тие претстави се инспирираат режисери, актери, кореографи, сликари. За жал, многу често немаме главно финансиски, но и технички можности за да ги донесеме во Македонија најмоќните и најпознатите претстави од целиот свет. А многу претстави веќе и ги нема, животот на претставите е многу краток и голема среќа ако некоја од тие претстави е снимена и имаме шанса да ја видиме – ова е една од главните мотивации на новата организација „Артактум“, зад која стои режисерот Иван Поповски и продуцентката Татјана Дешко.

Токму вечерва во 20 часот во Кинотеката со проекција на претставата „Кафе Милер“ (Café Muller) на легендарната Пина Бауш и ќе започне нивната мисија.
По претставата ќе биде организиран и разговор со публиката, а гостинки на вечерта ќе бидат: Искра Шукарова, кореограф и професор при ФМУ – УКИМ катедра за балетска педагогија; Бранка Костиќ – Марковиќ, музиколог и уметнички раководител во НУ Танец и Искра Гешоска, програмска уредничка на Контрапункт и на КРИК – платформа за критичка култура.
– Сите заедно ќе се обидеме да ги разоткриеме метафорите на претставата и ќе ги споделиме нашите доживувања и размислувања. За да бидеме во тек со она што се случува во театрите ширум светот и за да го прошириме и пополниме овој културен простор во Скопје, имаме намера во соработка со Кинотека да создадеме клуб на љубители на театар. И кога не можеме да ги донесеме претставите во Македонија во живо, да ги донесеме на платно со проектот „Театар на платно“, кој ќе ги собира најинтересните, најспорните, најстрашните, најубавите, најпопуларните, најлегендарните театарски претстави од целиот свет за да ги покаже на публиката – велат тие.
Селектор на проектот е светски познатиот режисер Иван Поповски. ARTACTUM е млада организација, што почнува својата дејност со проекти во област на култура во Македонија.
– Да создадеме голема група на државјане, кои ќе ја следи последните културни настапи во светот и да им разбудиме апетитот за най познат и интересен театар.
Пред секоја претстава да имаме краток вовед за запознавање публиката со конкретната претстава или нешто околу неа.

-Многу е тешко да се избере од огромен број на култни претстави, ама од кога ке донесиме одлука, уште потежок е процесот на добивање авторски права за проекција во кино. Многу сме благодарни на Кинотека која го поддржа овиј проект и се договоривме за да го правиме регуларно еднаш месечно. Планираме да почнеме со претстави од такви режисери како Роберт Вилсон, Даниеле Финци Паска, Џорџо Стрелер, Пјотр Фоменко, Метју Бурн, Анатоли Ефрос, Питер Брук, Акрам Кан и други.
Пина не им покажувала на своите актери како да танцуваат, таа им поставувала прашања на кои барала искрен одговор, или со движења или со зборови. Така ги наоѓала клучевите, кои подоцна станувале столбови на претставата.
– Ви давам причина да размислувате и да одговорите, можеби преку движења. Можам да ве прашам нешто од вашиот животот или од вашите фантазии, или за нешто што ви се случило кога сте биле мали. Барам одговори што значат нешто, но вие не можете да кажете што точно. Тоа ми е многу важно – кога нешто ќе те допре и се обидуваш да разбереш зошто, но не можеш да го најдеш одговорот рационалнo.

Во време кога има многу мрак околу нас, единствен начин на ослободување на нашите глави е уметноста. Колку повеќе место во нас пополнуваме со убавина, толку помалку место им оставаме на стравовите и темнината, велат организаторите.
– Мечта и цел на ArtActUm e да донесе во Македонија значајни, интересни и моќни претстави од различни видови на сценската уметност, кои ќе создадат нова почва за размислување и уживање за тие што веќе го сакаат театарот. Се надеваме дека кругот на вљубеници во театарот постепено ќе се шири и ќе вовлече нови луѓе, коишто не се ни свесни што губат, не пуштајќи го театарот во својот живот. А и, многу би биле среќни доколку нашите проекти станат инспирација, поттик и провокација за создавање нови ремек дела.





