Италијанска „Тврдина“ според Меша Селимовиќ вечерва на „Скупифестивал“

Театарот „Ателјеркунлеон“ од Бергамо, Италија ќе гостува вечерва во 20 часот на сцената на Албанскиот театар во Скопје, со претставата „Тврдина“. Гостувањето е во рамките на фестивалот „Скупифестивал“. Фестивалот беше отворен синоќа со претставата „Брак“ на Народниот театар од Приштина.

Претставата е според делото на Меша Селимовиќ, во режија на Андреа Беналјо. Улогите ги толкуваат: Андреа Беналјо, Алина Фофанова, Мариела Сторто, Франческо Вали, Луција Секоманди, Елиса Абиатико.

Сподели