На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде одбележан Светскиот ден на волонтерство, под мотото „Солидарност преку волонтирање“. Ќе бидат доделни национални признанија на истакнати волонтери во знак на благодарност за нивниот севкупен придонес и остварувања во обезбедувањето поддршка на различни целни групи на население во Македонија за 2022 година.
– Преку игра на светлина, бои и холограм ќе се навратиме во минатото, ќе ја видиме куќата на нашиот основополжник Анри Динан, но и тој самиот ќе ни ја раскаже идејата за раѓањето на Црвениот крст. Не ја пропуштајте оваа една и единствена можност да бидете дел од ова необично патување низ историјата на Црвениот крст – велат организаторите.





