Четворица средношколци ја претставуваат Македонија на 6. Балканска олимпијада по физика, пто се одржува во Никшиќ, Црна Гора. Македонија ја преставуваат: Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, Елена Трифуновска и Марко Митевски од Математичко-информатичката гимназија од Скопје и Даниел Христовски од „Јахја Кемал“ од Скопје.
Водачи на тимот се бидат Ирена Златановска и Гоце Геговски, додека член на Научниот одбор на оваа олимпијада од Македонија ќе биде Ламбе Барандовски, сите членови на Друштвото на физичарите на Република Македонија и на Институтот за физика при ПМФ во Скопје.
Подготовките за олимпијадата на тимот во последниве 15 дена беа направени на Институтот за физика и преку платформите за далечинско учење.
Материјалните средства потребни за подготовките на тимот како и учеството на целиот тим на оваа олимпијада ги обезбедија родителите на олимпијците и ДФРМ од свои средства.





