Ирската кинематографија ќе биде во фокус на програмата на фестивалот „КинеНова“ денеска. По еден филм вечерва ќе бидат прикажани во киносала и пред малите екрани. Филмот „Привлечен ѓавол“ по сценарио и режија на Џон Батлер, ќе биде прикажан во Кинотеката во 20 часот.
Во текот на денот, на програмата на ТВ 24 ќе може да се гледаат три ирски филмови. Тоа се „Гладот“ во режија на Руан Мага, „Предна линија“ на Дејвид Глисон и „Каубои и ангели“, снимен во 2003 година.
– Фестивалот „КинеНова“ секогаш се обидува да стави во фокус некоја од европските кинематографии, кои ретко имаме можност да ја следиме на големото платно. Годинава решивме да се нурнеме во богатството на ирската кинематографија. По стапките на нејзините најпознати претставници, режисерите Џим Шеридан и Нил Џордан, ви претставуваме четири филма од тројца наградувани ирски режисери, чија работа е веќе позната за филмофилите ширум светот. Се надеваме дека ќе уживате во приказните за историјата на оваа интересна островска земја, но и за она што модерните Ирци го живеат во моментов – велат од фестивалот.
Оваа филмска програма е овозможена во соработка со Амбасадата на Ирска во Букурешт, Романија.





