„Заговор против воздухот или како Македонија остана последната европска депонија“ е насловот на истражувањето на Истражувачката репортерска лабораторија-ИРЛ што ја доби првата награда на конкурсот што го распишаа Здружението на новинарите на Македонија и Програмата за развоја на Обединетите нации (УНДП). Новинарот на Радио МОФ, Бојан Шашевски, пак, ја освои втората награда за неговата сторија: „Децата ни се жртви на арсенот“ – рударскиот локалитет „Лојане“ фатален за жителите од липковските села“.
Третата награда ја освои новинарката на „Види Вака“, Христина Ѓорѓиевска за нејзината сторија насловена „Заробените бели дробови на градот“.
Темата на конкурсот беше „Справување со загадувањето на воздухот – зајакнување на јавната свест за проблемите и можните решенија“. Претседател на жирито беше новинарот и уредник Горан Михајловски.
Фотографија: Радио МОФ





