Институтот за класични студии одбележува 75 години

Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје одбележува 75 години од своето постоење. По повод јубилејот ќе биде организиран научен собир кој ќе се одржи утре во 11 часот во големиот амфитеатар на Филозофски факултет.

На отворањето пригодно обраќање ќе има проф. д-р Валериј Софрониевски, раководител на Институтот, проф. д-р Ратко Дуев, декан на факултетот и проф. д-р Никола Јанкуловски, рекотор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Следува работниот дел во кој излагања ќе имаат десетмина класични филолози, а потоа и дискусија и затворање на тркалезната маса.