Институции, здруженија и простори во фокусот на конференцијата „Стратегии во уметноста“

Институции, здруженија и простори се темата на денешната дебата во рамките на конференцијата „Стратегии во уметноста“ што ќе се одржи денеска во 17 часот во „Бруталиск“ во Скопје. На темата ќе зборуваат: Ана Франговска (Национална галерија, АИКА), Јана Манева-Чуповска (ДЛУМ), Владимир Јанчевски (МСУ), Ѓорѓе Јовановиќ (Јадро), Миле Ничевски, Марко Ковачевски и Никола Наумоски (Бруталиск), Јана Павловска, Искра Илиеска, Калина Дуковска (Лабораториум), Дарко Јовчевски (Котур) и Веселин Теохаров (Аудиокултура). Следува концерт на Филип Букуршлиев.

Дебатата се организира во рамките на 15. сезона на уметничката резиденција „Креативен викенд“. Целите на оваа конференција се да се види кој со што придонесува за уметничката сцена, да се укаже на слабостите и можните решенија, да се проговори за тоа што недостасува, и како би можела да се подобри инфраструктурата којашто им овозможува на уметниците подобар амбиент за нивното творење и поддршка на промоција на нивните дела во Македонија и надвор од неа.

Фото: МСУ (Архива)

Сподели