Инфомед (https://infomed.mk/) е нобвата бесплатна онлајн алатка која работи како агрегатор на информации од јавен карактер поврзани со медицината. Целта на агрегаторот е да го олесни работното секојдневие на здравствените работници, овозможувајки на сите лица кои што имаат потреба од брзи информации, односно со лекување на пациенти, да можат да ги најдат на едно место брзо и ефективно, наместо моменталниот единствен архаичен пристап преку книги, застарени веб страници, итн.
– Визијата на Инфомед е да го револуционира технолошкиот дел од здравствениот систем во нашата земја, односно да придонесе за доближување на стандардите и принципите за грижа и нега на пациентите со помош на технологија во согласност со светските трендови – вели Никола Стојков, автор на платформата.
Таа има информативен карактер и е наменета да се користи од страна на медицински лица и студенти по медицина, но отворена е за сите граѓани. Во моментот поддржува само пребарување, но планот е да прерасне во целосна дигитализација на медицината во Македонија со помош на нови алатки кои засега не се достапни на македонските медицински лица тукушто започна.
– Инфомед ќе остане засекогаш бесплатна, со отворен код, и без агенда за профит. Алатката ја направив како граѓанин кој сака добра и сигурна здравствена заштита која не би можел во целост да ја добие ако работењето на медицинскиот персонал е попречено на каков било начин. Првичната верзија на платформата е направена и пуштена во употреба за само 24 часа, а дури уште следниот ден медицински лица од различни области почнаа да ме контактираат со идеи и барања за надоградби на Инфомед, по што се одлучив посериозно се посветам на проектот – вели Стојков.