Македонија и Украина треба да се поврзуваат преку соочување со историскиот багаж на 20 век, последиците од транзицијата кон капитализмот и новите видови империјалистички влијанија, прашањата за идентитеот и кршливоста на човечките врски под тежината на сето тоа. Филмот е совршен медиум за овие теми, вели Књазков
Македонската публика пред десетина дена имаше ретка можност да научи повеќе за големиот украински режисер Александар Довженко. Неговата култна трилогија (Звенигора, Арсенал и Земја) беа прикажани во Кинотеката, а гостин беше Арсениј Књазков, истражувач во центарот „Довженко“. Со него разговараме за средбата со македонската публика, за значењето на Довженко во Украина и во светската филмска уметност воопшто.
Какво искуство имавме во соработката со Кинотеката на Македонија и македонската публика?
– Искуството беше одлично. Сите во Кинотеката беа гостопримливи и услужливи. Уште повеќе сум импресиониран што таму видов современи кутии за филмски и дигитални материјали, вредни печатени и дивиди-изданија, редовни прикажувања на различни програми и генерално, многу ентузијазам од вработените да го чуваат и да го изучуваат македонскиот филм. Беше предизвик да се обидам да ја претставам 100-годишната украинска филмска историја, што бара многу локален контекст и многу имиња кои на публиката не ù се познати. Се надевам дека ја фатив љубопитноста на македонските филмофили со четири куси клипови од филмови од четворица одлични украински режисери: Иван Кавалериѕе, Кира Муратова, Феликс Соболиев и Наталија Мотузко.

Колку е важно две земји да најдат начин за да разменат искуства на своите две култури?
– Двете држави и економии имаат добра врска и туризам. И покрај ковид-19 продолжуваме да го етаблираме заедничкиот интерес. Но, не можеме да кажеме дека знаеме многу за современата култура едни на други. А тоа ми е најважно – да се поврзуваме преку работи клучни за нашето секојдневно искуство – соочување со историскиот багаж на 20 век, последиците од транзицијата кон капитализмот и новите видови империјалистички влијанија, прашањата за идентитеот и кршливоста на човечките врски под тежината на сето тоа. Филмот е совршен медиум за превод на овие теми.
Колку Довженко е познат за Украинците? Дали добива доволно внимание во вашата култура?
– Алекснандар Довженко е доволно познато име, чии книги се читаат во средно школо, по кого улици и институции често се именувани. Сепак, би прејудицирал доколку кажам дека секој ја знае неговата работа или се поврзува со неа. За учениците што ги читаат неговите книги, тој е реликвија на советското минато, посветувајќи внимание на вредности што веќе не се релевантни. За луѓето кои штотуку почнале да учат за класичниот филм, тој може да биде здодевна личност чии филмови мора да ги издржите пред да ги гледате добрите работи. За повеќето, тој е само име без поголема слика зад себе. Тој секогаш уживал култ следејќи ја украинската интелигенција, но не и масовно – 40-милионската држава. Како институција именува по Довженко, се трудиме најдобро што можеме да ја предизвикаме публиката што е насочена кон поп културата, да ги гледа неговите филмови. Ако успееме во тоа, тоа што ќе го искусат не е здодевен споменик направен од бронза, но комплицирана, авангардна и високоемоционално вклучена современа уметност од највисок ранг. Чекор по чекор, оваа контроверзна фигура од минатото станува дел од колективниот идентитет.

Сцена од филм на легендарниот режисер Довженко
Центарот „Довженко“ има богата колекција на домашни и филмови од други земји. Имате ли поддршка од државата за работата на оваа важна институција?
– Во последните пет години Центарот ефективно се трансформираше од институција од затворен тип, недостапна до многумина, до јавна установа. Во последните две години, за време на пандемијата која беше огромен предизвик сам по себе, работите се искомплицираа. Годинава испечативме неколку книги, организиравме изложби, специјални настани и проекции, учествувавме на многу филмски фестивали, да не ја спомнам нашата дневна работа: научни истражувања и справување со складирањето на филмовите. И продолжуваме да го правиме сето тоа и покрај целиот притисок. Се надевам дека нашата меѓународна активност, како што е македонскиот настан, во кој украинската амбасада во Скопје беше толку љубезна да учествува, помага да се зголеми нашата видливост и да го докаже нашето место во украинскиот културен пејзаж, посебно на луѓето што ја имаат моќта и кои се одговорни за нашата иднина, за овој многу ценет фонд. Не бараме ништо повеќе, освен да бидеме признаени и поддржани, како која било институција што го штити националното богатство.

Украинската амбасадорка кај нас, Наталија Задорожњук и Књазков
Имавте ли прилика да прошетавте низ Македонија и каков впечаток Ви остави?
– Бев среќен што можев да посетам некои места меѓу проекциите. Во Охрид, врвни ми беа „Св. Богородица Перивлепта“ и езерото. Исто така го посетив и Куманово и некои пејзажи наоколу. Како што разбрав, Куманово не важи за туристичка дестинација, но искрено, уживав многу во овој град: релаксирано чувство на улиците, црквата „Св. Никола“, модернистичките споменици од југословенската ера, вкусна храна и убава архитектура од различни периоди на 20 век, што ми беа многу шармантни во целина.
Дали сте запознаен со македонската кинематографија?
– Пред мојата посета, знаев за нејзините почетоци – браќата Манаки и Ацо Петровски. Исто така почнав да ги гледам и југословенските партизански филмови што многу ме интересираат. Импресиониран сум од „Галичник“ на Сифрид Миладинов од 1940 година, што беше прикажан во Кинотеката во придружба на класична гитара. Благодарение на колегите од Кинотека што ми дадоа многу дивидија и препораки, ќе можам подлабоко да се втурнам во поновите години на независна Македонија.





