„Горни и долни усни“ е насловот на изложбата на дела од Валентина Илијевска која вечерва во 20 часот ќе биде отворена во галеријата „Ко-ра“ при Домот на културата „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје. Таа ќе се претстави со дела создадени во последните години.

Илијевска е родена во Скопје, а живее и работи во Куманово. Завршила во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, а во 2010 годона дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на одделот за графика и графички техники во класата на професорот Мирко Вујисиќ, со насока на конзервација и реставрација со професорите Невенка Величковска и Момчило Трајковски. Магистрирала конзервација и реставрација на ѕидно сликарство во класа на проф. Благоја Кузмановски.

Членува во Друштвото на ликовните уметници на Македонија, ИКОМОС, на групата „Луцидо“ во Босна и Херцеговина. Учествувала на многу изложби, добитничка е на повеќе награди. Живее и работи во Куманово како конзерватор и реставратор при Кумановско-Осоговска епархија во делот за заштита на културното наследство.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.