Наградата „Европска жена на годината“, што ја доделува Делегацијата на Европската Унија во земјава, ја доби Илина Арсова. Таа освои најмногу гласови на фејсбук-гласањето, кое траеше изминатата недела.
Во својата видеопорака на церемонијата што се одржа синоќа во Даут-пашиниот амам, таа изјави дека „нема сон што е недостижен, ниту цел која е невозможна“.
Пет исклучителни жени успешни во својата работа беа кандидатки за наградата. Покрај Арсова, кандидатки беа: Маја Мојсова Мијовска, Дина Дума, Дита Старова Ќерими и Наталија Бургиева. Нив пред јавноста ги претставија амбасадорките Нивес Тигањ (Хрватска), Анке Холстајн (Германија), Кристин Форсгрен Бенгтсони (Шведска), Моника Аксинте (Шпанија) и ЕУ амбасадорот Дејвид Гир.
На настанот учествуваше и Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски.