Илија Павлов режира филм со Никола Ристановски, Душица Настова, Оливер Митковски

Снимањето на вториот игран филм на Илија Павлов „Емил врати се“ почнува денеска во продукција на „Персона филм“ и „Кино Балкан“. Улогите ги толкуваат: Никола Ристановски, Душица Настова, Оливер Митковски, Симона Димковска, Васко Атанасоски. Според Павлов, снимањето ќе се одвива во такси низ цело Скопје со цел да се остави  специфичен печат на градот кој наскоро ќе стане метропола.

– Како да дишам кога знам дека нема доволно за сите – е мотото на филмот.

Првиот долгометражен филм на Илија Павлов е насловен „Гласот на тишината“ (Rebirth: Voice of silence), во кој тој е режисер, кинематографер и актер, а покрај него се појавува и актерката Вучица Настова. Филмот беше премиерно прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“.

Сподели