ИКОМОС Македонија: На индустриското наследство не му се посветува доволно внимание

„Перспективи за заштита на индустриското наследство“ е насловот на форумот и изданието на Македонскиот национален комитет на ИКОМОС. Ова е пионерско издание на македонски јазик составено од избор на преведени трудови од книгата „Industrial Heritage Re-tooled: The TICCIH Guide to Industrial Heritage Conservation“ и доктринарни текстови за индустриското наследство.

Според Кристина Бицева, претседателка на макеоднскиот ИКОМОС, публикацијата е резултат на фактот што на индустриското наследство во Македонија не му се посветува доволно должно внимание и соодветна заштита од повеќе причини.

– Со публикување на изборот текстови во книгата се посочуваат корисни перспективи односно добри примери, ефективни техники, модерни пракси и алатки за унапредување на заштитата на индустриското наследство во Македонија – рече Бицева.

Во рамките на виртуелниот форум со свои излагања учествува: Мајлс Оглторп, претседател на Меѓународниот комитет за заштитана индустриското наследство (ТИККИХ), Џејмс Дует, уредник на книгата „Industrial Heritage Re-tooled: The TICCIH Guide to Industrial Heritage Conservation“, Соња Ифко, претседателка на ИКОМОС Словенија, Ада Влајиќ и Рифат Куленовиќ од Музејот на науки и техники во Белград и Ивона Крстеска, претставник на „Културно ехо“ од Скопје.

Сподели