Изложбата „Превртена археологија – Homo Ludens помеѓу фактите и архитиповите“ вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена Музејот на град Скопје
„Превртена археологија – Homo Ludens помеѓу фактите и архитиповите“ е насловот на изложбата од бразилскиот уметник Вилсон Нето која вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена Музејот на град Скопје. Нето ќе се претстави пред скопската публика со ликовни дела изработени во различни техники – 32 цртежа на хартија, 14 на платно и седум монотипии со комбинирана техника.
Содржините на делата на Нето се инспирирани од неговиот претходен престој во Македонија, поточно од археолошките наоди од римскиот локалитет Скупи кои што претставуваат детски играчки пронајдени како гробен наод, вели Гордана Велков која ја ко-курира изложбата заедно со Алдонсо Паласио од Бразил.

– Во поставката ќе бидат изложени и две фигурни од Скупи кои за прв пат че бидат излоѓени пред јавноста – вели таа.
Според Велков, генерално целиот опус на Нето во оваа изложба е инспириран од археологијата како извор на материјалните докази од каде се развивваат архетиповите кои се дел од играта на човекот низ реалниот и имагинарниот свет.
– Вилсин Нето патува низ светот и ги открива овие содржини преку кои го гради сопствениот ликовниот израз и ликовната содржина. Но, исто така создава и сопствени архетипни фигурации кои произлегуваат од нашето современие – вели Велков.
Изложбата е во ко-кураторство со Алдонсо Паласио, германско-бразилски менаџер во културата, новинар, репортер, ликовен критичар и галерист. Тој е дипломиран економист со постдипломски студии за културен менаџмент во Париз. Роден е во Форталеца, а живее и работи во Берлин.

– Не е тешко да се соработува со професионалци – вели Велков.
Таа додава дека ваквите изложби и соработки ја збогатуваат ликовната сцена и откриваат различни можности и во уметничката креација, и во уметнеичката сензација кај ликовната публика.
– Создава нови соработки кај институциите, а преку нив би било убаво да влијае и во останатите општествени сфери како едукација, социјална политика и екологијата во општеството – додава Велков.
Во текстот од каталогот за изложбата таа пишува дека Вилсон Нето се идентификува и се инспирира со Homo Ludens – Човекот што си игра наспроти Човекот што работи како значаен елемент во развој на културата и цивилизацијата според книгата на холандскиот критичар на модерната културна историја Јохан Хуизинга.
„Играта кај Вилсон е привремениот свет од најдлабокото минато до денес. Таа е место каде се среќаваат децата, возрасните, страшилата, добриот, лошиот и уметникот. Содржината и времето во Играта го делат реалното и нереалното, свесното и потсвесното. Магијата која трае додека трае, Играта ги отвара вратите на сефовите на меморијата и струи помеѓу индивидуалната и колективната меморија“ – пишува таа.

Според Алдонсо Паласио, интересот на Нето за оваа тема се родила за време на луциден сон за ископување антички играчки, којшто го навел да го продлабочи своето истражување на артефакти од минати цивилизации и нивните архетипови.
„Многу од артефактите што ги истражуваше Вилсон Нето се наоѓаат ширум светот во колекции на антрополошки и природно-научни музеи. Тие се наликуваат на предмети со моќ, свети амајлии, симболи користени во ритуали, далеку од современото око како во неговата поставка Хомо Луденс (2023). Тука, присуството на играчките не може да се раздвои од ископувањето ниту од личната археологија, од желбата да се реорганизира светот. Вилсон Нето го постигнува тоа со живописна и кумулативна техника на сликање, додавајќи слоеви на површините веќе полни со визуелни информации, како печатени ткаенини, веќе постоечки слики и парчиња тапети. За Музејот на Град Скопје, уметникот креираше репрезентации на едноставни играчки од археолошкото наоѓалиште Скупи, близу главниот град“, вели Паласио.
Изложбата во Музејот на град Скопје се реализира со поддршка од Министерството за култура и од гермаската амбасада во земјава.





