И на летен распуст се учи историја

Летниот распуст не е пречка да се учи историја. Ова вчера го покажа професорот по историја Александар Јаневски кој ги поведе младите битолчани на една поинаква историска прошетка. Салата во киното „Манаки“ во Битола беше полна, каде се одржа третиот час од циклусот предавања од проектот „Еден поинаков историски час“.

– Најмладите битолчани имаа можност да се запознаат со најзначајните митови и легенди за нашиот град, кои беа надополнети со кратка историјата за нашиот град, почнувајќи од најдалечното минато па до денес – велат организаторите.

Настанот се организира во рамките на „Битфест“.

Сподели