Авторскиот театарски проект „Чекајќи го…“ на средношколци од скопската гиманзија „Раде Јовчевски-Корчагин“ ќе биде изведен утревечер (30 септември) во 20 часот во Македонскиот народен театар. Симболично, перформаност ќе биде одигран на празникот „Вера, хадеж и љубов“. Хуманиот настан е посветен на Марко Здравевски (25), поранешен ученик во „Корчагин“ кој е на лекување во Париз и итно му се потребни финансиски средства за продолжен третман. Марко се лекува од канцер на клиниката Rafael Instituten Hartmwn.

– Ги повикуваме сите добри и хумани луѓе да уживаат во изведбата на претставата и истовремено да донираат за спас на младиот човечки живот да може да го продолжи својот пат – вели Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература во „Корчагин“.
Билетите се во продажба на билетарницата на МНТ по цена од 500 денари, како и онлајн. Од гимназијата ги повикуваат сите организации, компании, агенции, конзуларни преставништва, фирми и колективи, групно или поединечно, да се придружат во оваа хумана акција со слоганот #ијассуммарко!





