Хрватскиот „Среќно дете“ вечерва во Кинотека

Хрватскиот документарец „Среќно дете“ според сценарио и режија на Игор Мирковиќ вечерва во 20 часот ќе биде прикажан во Кинотека на Македонија. Учествуваат Дарко Рундек, Мирко Илиќ, членови на групите „Азра“, „Филм“, „Хаустор“, „Електрични оргазам“, „Идоли“, „Панкрти“.

Документарниот филм на Мирковиќ, продуциран од хрватскиот режисер Рајко Грлиќ е носталгичен приказ на авторот на појавата на панкот и „новиот бран“ во Хрватска и некогашна Југославија кон кракот на 70-тите и почетокот на 80-тите години на минатиот век.

Филмот на Мирковиќ во манир на „рокументарец“ содржи ретки интервјуа и снимки со членовите на најпознатите рок-панк бендови од тој период од Загреб и Белград, кои беа епицентрите на новиот музички бран: Азра, Филм, Хаустор, Електрични оргазам, Идоли, Панкрти. Филмот го добил насловот според песната од деби-албумот на бендот „Прљаво казалиште“. Оригиналната музика од филмот ја доби наградата „Порин“ во Хрватска за најдобар компилациски албум во 2005, а режисерот ја доби наградата „Октавијан“ за најдобар документарец на Деновите на хрватскиот филм во 2004 година.

Насловна фотографија: Извор/Youtube

Сподели