„Хотел меѓу две војни“ од Русјаков – книга на месецот во библиотеката „Браќа Миладиновци“

Романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, издание на Литература.мк е книга за месец февруари во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Со романот, добитник на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2021 година и на „Рациновото признание“, библиотеката ја продолжува кампањата „Читаме современи македонски автори“. Идниот вторник (7 февруари) во библиотеката ќе се одржи разговор со Русјаков, а на 25 февруари е закажана средбата во Клубот на читатели, на која ќе се дискутира романот.

„Хотел меѓу две војни“ е псевдоисториски роман за љубовта на Мустафа Кемал Ататурк и Елени Каринте. Забранета империја во процепот меѓу фактите и фикцијата, меѓу војните и мирот, меѓу срцата и умот во нас, но и надвор од нас. Опсада на Троја соѕидана во душата на Мустафа наспроти јуришот на тагата и болката на Елени испишани во два романа: во долгиот постмодернистички „Хотел меѓу две војни“ на Русјаков и во истоимениот кус, сентиментален роман на Елени, вгнезден во него како резервно женско срце.

Сподели