Хемиски спектакл на Институтот за хемија на ПМФ

Хемиски спектакл ќе се одржи денеска во 18 часот на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Вработените на институтот пред традиционално бројната публика ќе покажат колку науката може да биде фасцинанта и, пред сè, видлива. Големиот интерес за хемиските спектакли го потврдува веќе пополнетиот број за денешниот настан. 

Хемиските спектакли ги организираат Групите на среќни и не толку среќни хемичари на Институтот за хемија, со поддршка на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија. 

Сподели