Халки креативна училница во скопската Зоолошка градина

Во непосредна близина на главниот влез на Зоолошката градина во Скопје отворена е Халки креативната училница, единствена училница од ваков тип кај нас. На отворањето ученици од неколку основни училишта предводени од едукатор беа на прошетка и се запознаа со подготовките на животните и нивните живеалишта за зимата. Се одржа и ликовна работилница на тема „Природата како вечна инспирација“. Во активностите се приклучија и случајни минувачи и посетители.

– Местото е полнo со креативни содржини, сцена и многу точки за едукација, забава и дружење, што всушност е и нашата главна заложба: да вложуваме во децата, да вложуваме во нивната иднина. Тоа го потенцираме и сега, во октомври – месецот на штедењето, преку оваа креативна училница која е дел од нашата платформа за Детско штедење и нејзиниот препознатлив симбол, слончето Халки. Отворањето на мултифункционалниот простор е во пресрет на 31 Октомври – Светскиот ден на штедењето – вели Маја Наумовска-Савеска од „Халкбанк“ АД Скопје.

Децата учеа за екологијата, природата и грижата за животните на креативен и непосреден начин. Тие учеа и за финансиската писменост, детското штедење и за важноста на штедењето на сите ресурси на Земјата. Дел од наученото го претворија во ликови творби кои беа донирани на Зоолошката градина. Предавањата и дружењето траеја до доцна попладнето. Низ креативната училница Халки поминаа повеќе од 250 деца, кои заминаа задоволно, понесувајќи со себе цртежи, нови научени работи и многу подароци.

Во координација со надлежните на ЗОО, креативната училница ќе биде отворена во текот на целата година и достапна за сите кои сакаат да ја користат.

Сподели