Нови садници засадија денеска учениците и наставниците во дворот на основното училиште „Коле Неделковски“, во скопската населба Центар, а друштво им правеше и слончето Халки и нековиот тим од „Халкбанк“. Децата ветија дека ќе се грижат за дрвцата и редовно ќе ги полеваат, а Халки и вети дека повремено ќе ги посетува.
– Халки ги потсети учениците и на вредностите: екологија и борба за здрава животна средина, другарство, важноста на читањето книги. Денеска е и Светски ден на лицата со Даунов синдром, па дружината зборуваше и за прифаќањето на различностите и за еднаквите образовни можности за сите деца – велат организаторите.

На почетокот на пролетта „Халкбанк“ го распишува наградниот ликовен конкурс „Пролетните авантури на Халки“, наменет за деца до 12 годишна возраст. Сите дела пристигнати на конкурсот ќе бидат изложени на голема пролетна изложба под отворено небо. Тричлена комисија ќе ја разгледува и оценува креативноста, а авторите на најдобрите три цртежа ќе добијат депозит за детско штедење од „Халкбанк“.
– Ја продолжуваме својата мисија за поддршка на најмладите преку нивно креативно изразување. Пролетта е инспиративна за сите, па и овој пат сакавме да ги повикаме децата да размислуваат за пролетните авантури, за екологијата, здравите навики, чистата средина, другарството и прифаќањето. Поддршката на најмладите е најсигурен влог за иднината – вели Маја Наумовска-Савеска од „Халкбанк“.

Ликовните творби треба да се испраќаат до Центар за визуелна комуникација – Ефектива, на ул: 29 Ноември 4Д, 1000 Скопје со назнака „Ликовен конкурс“ најдоцна до 28 март. Прогласувањето на победниците ќе биде на 31 март на веб страницата на организаторот и на социјалните мрежи.





