9. HalkEco Скопје трча 10 км во организација на Сојуз на спортови на Скопје, во соработка со Скопски маратон и Работнички ќе се одржи утре во 9 часот пред фонтаната „Лотос“. На трката се пријавени 1700 натпреварувачи кои покрај генералниот пласман ќе бидат наградени и во три старосни категории. За прв пат годинава, воведена е и категорија за учесници со телесен инвалидитет, со 12 пријавени учесници, од кои 9 машки и 3 женски.
Тркачката патека ќе се движи по дел од булеварите „Илинден“ и „Партизански Одреди“, односно натпреварувачите ќе се движат по следната рута: по булевар „Илинден“ до крстосницата со улица „Никола Парапунов“, па лево по „Никола Парапунов“ до булевар „Партизански Одреди“, десно кон мостот Влајко , од каде полукружно ќе се враќаат до крстосницата со улица „Љубљанска“ и повторно полукружно назад преку улица „Никола Парапунов“ и булевар „Илинден“ до целта кај Фонтана.
Поради одржување на трката, од 8 до 11 часот, по наведените булевари и улици ќе има времен режим на сообраќај.
Спонзор на HalkEco Скопје трча 10км е „Халбанк“, а „Скопје трча“ го започна своето патување во 2017 година, со ентузијазам и желба да се збогати понудата на квалитетни трки и да се подигне свеста за активен живот меѓу граѓаните.





