Првиот хакатон за развивање концепт за имерзивно раскажување за културното наследство ќе се одржи денеска и утре во хотелот „Сити парк“, спроти „Фонтана“ во Скопје.

– Ги покануваме сите креативци и љубители на културата, заинтересирани да креираат концепт за нови културни доживувања со користење на новите технологии, кои ќе бидат дел од првата мобилна апликација Immersium, наменета за трите познати археолошки локалитети Стоби во Македонија, Емона во Словенија и Виминациум во Србија – велат од Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“, организатори на хакатонот.

Ментори на хакатонот се Гораст Цветковски (актер, гејмер и програмер), Стефан Палитов (филмски режисер и истражувач на XR) и Димитар Николовски (археолог во локалитетот Стоби). На хакатонот ќе учествуваат лица од 18 до 35 години кои пријавиле тим (од три лица). Тие ќе се натпреваруваат за парична награда од 500 евра и многу други дополнителни награди. Повеќе информации на линкот.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.