Групна студентска изложба „Четирите мајстори на модернизмот“

Деветмина уметници студенти ќе претстават свои дела на групната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ која вечерва во 20 часот ќе биде отворена Културно-информативниот центар во Скопје. Изложбата е во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков. Токму студентите од оваа катедра ќе ги претстават своите дела: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов. Тие се четврта година во класата на професорката Слободанка Стевческа.

Изложбата се реализира во рамките на проектот CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“. Изложбата ќе биде отворена до 20 мај.

Сподели