Групна изложба „Звукот на пејзажот“ во Охрид

Во Куќата на Робевци во Охрид вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Звукот на пејзажот“. Потавката обединува шестмина уметници од Македонија и Австралија, чии различни уметнички практики нудат резонантна интерпретација на македонскиот пејзаж – неговите форми, текстури и емоционални одрази.

Со свои дела ќе се претстват Јуан Маклеод, Билјана Поп Стефанија, Стив Лопес, Аница Китаноска, Љубица Мешкова-Солаковска и Ристе Андриевски. Секој од уметниците ќе презентира дела инспирирани од пејзажите на Охрид и Македонија, толкувани низ сопствена емоционална, културна и материјална призма. Медиумите што ги користат – сликарство, мозаик и фотографија – нудат повеќеслојно доживување на пејзажот, не само како визуелна туку и како сензорна и емотивна појава.

Сподели