Громогласен аплауз за младите научници на конференцијата „Наука за деца“

Со громогласен аплауз публиката ги награди петтемина средношколци за новите научни презентации на отворањето на 3. Научна конференција „Наука за деца“ која се одржа во скопската гимназија НОВА, а ја организираше Фондацијата „Кантарот“. Беа доделени наградите за научен потенцијал „Иван Ќостаров“ на Ангела Тунеска, и наградата за најдобар млад презентер „Колега Стиков“ што ја добија шармантните близначки од Битола, Љубица и Константина Андонови.

 

Петтемина минатогодишни стипендисти на „Наука за деца“ цела година беа менторирани од реномирани научници од Македонија кои работат на престижни универзитети во светот. Мила Порјазоска одржа предавање на тема „Тропизми – за внатрешните компаси на растенија“ што го подготви со менторката Борјана Арсова. Теа Ангелова одржа презентација за Универзумот, менторирана од Марко Шунтов и Александар Шулевски, а Јаков Грујовски зборуваше за квантни компјутери, труд што го сработи под менторство на Петар Поповски. Зоран Илијоски под менторство на Блаже Ѓоргиев подготви презентација за нуклеарната енергија во време на климатски промени, а Деа Ивановска зборуваше за биолуминисценција – светлосно шоу на природата, труд што го работеше под менторство на Панче Наумов.

Проф. Бас Рокерс

Фондацијата ги претстави и петтемина финалисти на наградата „Иван Ќостаров“ кои под менторство на научниците ќе работа во текот на оваа година: Константин Димовски, Деа Атанасов, Софија Петковска, Валентино Атанасоски и Ангела Тунеска.

На отворањето на конференцијата интересно предавање за виртуелна реалност одржа професорот Бас Рокерс од Универзитетот „Њујорк“ во Абу Даби. Конференцијата продолжи вчера со работилници во неколку различни категории. Во оваа конференција на „Наука за деца“ се вклучи и Францускиот институт од Скопје.

Фотографии: Небојша Гелевски-Бане

Финалистите на наградата „Иван Ќостаров“

Сподели