Четири филма ќе бидат прикажани во Музејот на современата уметност во Скопје во рамките на летната филмска програма што ќе трае од вечерва до петок. Сите проекции се бесплатни и почнуваат од 20 часот, на отворено – на тремот на МСУ. Вечерва ќе биде прикажан „Грете Мајер – Кралицата на данскиот дизајн“. Следуваат „Американска модерна уметност, тајно оружје во студента војна“, „Маија Исола“ и „Грејс Џоунс: лајт шоу и леб“. Капацитетот на киното е 60 седишта и не e потребно дополнително регистрирање за влез на настанот.

„Грете Мајер – Кралицата на данскиот дизајн“ е во режија на Изабел Бернадет Брамер и трае 60 минути. Грете Мајер е една од најголемите фигури на данскиот дизајн, но можеби и една од најзапоставените.

– Како дизајнер, Мејер ни остави функционални дизајни за домот кои и денес се од големо значење. Овој хибриден документарец ја раскажува нејзината приказна како жена, уметник, пионер, мајка и љубовница преку интересна и ранлива нарација што ја става нејзината кариера, успех и наследство – велат организиатпроите на проекциите.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.