Грејс Џонс во Скопје на 6 јули!

Безвременската Грејс Џонс ќе гостува во Скопје! На 6 јули на АРМ стадион во рамките на Skopje Calling, ќе имаме можност да уживаме во спектакуларното 90-минутно шоу и многубројниот бенд на Грејс Џонс. Организатор на концертот е „Авалон продукција“, од каде што додаваат дека од утре ќе објават повеќе информации за влезниците.

– Веројатно не постои светски артист на оваа планет, освен, се разбира, Дејвид Боуви кој може толку аргументирано да изнесе толку многу различни и заслужени епитети како Грејс Џонс, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња. Некои од нив се: музички мастермајнд, икона на поп културата, вамп жена, вистинска дива, модна икона….Од друга страна, еднаш некој рече: Не е работата што Грејс Џонс е пред Мадона, Лејди Гага, Ријана и Бијонсе, работата е што таа се’ уште е сите три во едно”. И да ја вратиме Македонија таму каде што токму ние ја поставивме и многу љубоморно ја чуваме од 2001 година: на листата земји каде сепак се случува нешто убаво и по светски стандарди – во реалноста, а не само вербално и имагинарно – велат од „Авалон“.

Сподели