Издавачката куќа „Антолог“, која го организира доделувањето на наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик, од годинава одлучи да воведе и интернационална награда „Драги“ за најзначаен превод од македонски на странски јазик. Прва добитничка е Александра Јоаниду од Грција за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик, во издание на „Гутенберг“. Станува збор за првиот превод од македонски автор на грчки јазик на кој е наведено дека јазикот на оригиналниот е македонски.
Александра Јоаниду
Жирито вели дека за овој превод се одлучиле земајќи го предвид нивото на преводот, но и другите параметри важни при појава на одреден превод во друга културна средина (рецензии, влијателност, интерес за авторот, препознатливост, зголемување на интеркултурниот дијалог, итн.).
Жири-комисијата за доделувањето на наградата „Драги“ во вториот круг на селекција да влезат 10 преведувачи со изданија објавени од 7 издавачки куќи:
1. Алида Муча за преводот од албански јазик на „Премин во времето“ од Миѓен Келменди, во издание на „Темплум“.
2. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија Гинзбург во издание на „Артконект“.
3. Давор Стојановски за преводот од словенечки јазик на „Пчелно семејство“ од Ања Мугерли во издание на „Антолог“.
4. Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на „Артконект“.
5. Иван Шопов за преводот од хрватски јазик на „На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа во издание на „Бегемот“.
6. Јовица Ивановски за преводот од српски јазик на „Земјата под абажур“ од Драгослав Дедовиќ во издание на „ПНВ Публикации“.
7. Катерина Јосифоска за преводот од германски јазик на „Тил“ од Даниел Келман во издание на „Артконект“.
8. Катица Гаровска Ацевска за преводот од бугарски јазик на „Абсолво те“ од Георги Бардаров во издание на „Полица“.
9. Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Елизабет Финч“ од Џулијан Барнс во издание на „Артконект“.
10. Никола Ѓелинчески за преводот од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на “Алеф публикации“.