Гран при за „Антигона“ на Морфов на 20. Фестивал „Стоби“

Претставата „Антигона“ на Александар Морфов, во продукција на Драмско-куклениот театар „Иван Радоев“ од Плевен, освои Гран-при на 20. ИФАД „Стоби“, што заврши синоќа. Морфов ја доби и наградата за најдобра режија.

Актерката Чоревска за улогата на Медеја во претставата My name is Medeja, во режија на Себастијан Хорват, а продукција на Народниот театар од Битола, ја доби улогата за најдобра женска улога, а Дејан Донков, за улогата на Креонт во „Антигона“ – за машка улога.

За наградите одлучуваше жири во состав: Јордан Витанов, актер, Љупчо Георгиевски, режисер и Катерина Момева, драматург.

Специјална награда за оригинално драматуршко толкување и авторство освои Билјана Крајчевска за „Жени во собрание”, режија на Ќендрим Ријани, продукција на Театар Комедија од Скопје.

Фестивалот го поддржаа Министерство за култура и општината Велес, како и многу партнери.

Сподели