Графики и слики од Давор Кешќец во Куманово

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на графики и слики од Давор Кешќец. Под наслов Once again ќе бидат претставени дваесеттина графики и слики работени во последните неколку години.

Кешќец е роден 1997 во Скопје. Средно образование го завршил во училиштето „Лазар Личеноски“ во родниот град. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот графика. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија од 2020 година. Добитник е на наградата Young Art. Досега реализирал повеќе самостојни изложби и проекти. Изложбата во Куманово ќе биде отворена до 6 април.

Сподели